Бимилк извезува трајно млеко на грчкиот пазар

/, Млеко/Бимилк извезува трајно млеко на грчкиот пазар

Бимилк извезува трајно млеко на грчкиот пазар

Најголемиот оператор со млеко и млечни производи во државава Бимилк, и оваа година, како и претходната продолжува со извоз на трајно млеко и киселомлечни производи на грчкиот пазар.

Извозот во ЕУ е посебен предизвик со кој Бимилк се справува на најдобар можен начин, имајки ги во предвид ригорозните контроли од страна на европските надлежни служби. Извозниот број за ЕУ кој Бимилк го поседува како единствена во регионот е обврска, но и строга посветеност кон безбедноста и квалитетот на храната, која постојано се следи.

Извозот на производи во ЕУ- Грција, е уште еден доказ за високиот европски квалитет на Бимилк производите.

Вкусот на Битолскиот јогурт и Баланс+ подеднакво им се допаѓа како  на туристите од регионот кои летуваат во Грција, така и на домашните Грчки потрошувачи. Во прилог на тоа зборува и фактот дека расте побарувањето за Бимилк производи во пазарите во регионот и ЕУ.

[custom_frame_center]Бимилк извезува трајно млеко на грчкиот пазар[/custom_frame_center]

Извор: www.inpress.com.mk

Датум на објава: 31.07.2012

By | 2012-07-31T14:09:09+00:00 31/07/2012|Економија, Млеко|