Во Охрид Годишната Конференција на Бизнис Регистри

//Во Охрид Годишната Конференција на Бизнис Регистри

Во Охрид Годишната Конференција на Бизнис Регистри

Интероперабилност и соработка меѓу бизнис регистрите во Европа – транспарентни и ефикасни бизниси е тема на 15. годишна конференција на Форумот на европските комерцијални регистри што денеска и утре се одржува во Охрид.

Интероперабилноста како концепт, според директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски, е основната движечка сила во светот на бизнис регистрите.

– Ние како бизнис регистри не функционираме како отсечени острови, туку во соработка со останатите институции, како шо се даночните управи, банките и социјалните фондови. Претставуваме дел од еден комплексен еко-систем кој го именуваме како деловна околина – рече Костадиновски.

На отворањето на конференцијата тој посочи дека интероперабилноста во последната декада зазема повеќе димензии и тоа географски, национални, регионални, меѓународни и меѓуинституционални, претставени во соработката и електронската размена на бизнис регистрите со останатите периферни институции кои се дел од креирањето на деловното опкружување во една целосна и национална економија.

Македонија, нагласи Костадиновски, имаше успешна реформска година, како во полето на подобрување на домашната бизнис клима, така и со учество во неколку меѓународни и регионални проекти насочени кон олеснување на деловните потфати на бизнис заедницата. Тој потети на пуштањето на втората фаза од проектот едношалтерски систем, како и на други проекти значајни за Централниот регистар на Република Македонија.

На конференцијата, чиј домаќин е Централниот регистар на Република Македонија присуствуваат претставници од повеќе европски бизнис регистри, од меѓународни организации на бизнис регистри од САД и од Азија, како и од Светската банка и од Европската комисија.

Учесниците ќе имаат можност да разменат искуства во врска со националните системи за регистрација, најновите достигнувања, улогата и одговорностите на бизнис регистрите, оперативните и управувачките практики и процедури, технологиите што ги поддржуваат процесите и начините на приспособување на новите трендови за регистрација.

[custom_frame_center]Во Охрид годишната конференција на бизнис регистри[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 18.06.2012

 

By | 2012-06-18T12:14:42+00:00 18/06/2012|Економија|