Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година

/, Маркети/Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година

Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година

Уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 доби компанијата Жито Лукс од Скопје која е лидер во мелничко-пекарската индустрија. Од таму информираат дека потрошувачите можат и во иднина да очекуваат уште новитети

„Постојано се трудиме да бидеме први во воведување на нови иновативни производи и унапредување во секој аспект од работењето. Признанието е секогаш, па и овој пат, поттик за поставување на повисоки цели. Во последните години лансиравме неколку нови производи како што се Нутри линијата со збодатена нутритивна вредност, како и најновите специјални лебови Медитерано, со уникатни медитерански вкусови и Бриош лебот со путер кој беше инспириран од француски рецепт. Истите предизвикаа особен интерес кај потрошувачите“, изјави Лидија Трајковска одговорно лице во одделот за  маркетинг на Жито Лукс.

[custom_frame_center]Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година[/custom_frame_center]

Извор: www.kapital.mk

Датум на објава: 19,09,2013

By | 2013-09-19T12:45:17+00:00 19/09/2013|Економија, Маркети|