Заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, денеска на компанијата „Џонсон Мети“ ДООЕЛ Скопје ќе и издадат А-Интегрираната еколошка дозвола, согласно Законот за животна средина и спроведената законска процедура.
Британската компанија „Џонсон Мети“ е присутна во државата од 2010 година, од тогаш има произведено шест милиони катализатори по светски стандарди и е извозник број еден од Македонија.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Извор: www.mtv.com.mk
Датум на објава: 20.09.2012