Делегација од триесетина турски компании, членови на Регионалната трговско-индустриска комора на Карабук, денеска ќе престојува во Скопје.
Во организација на Стопанската комора на Македонија, во хотелот Холидеј ин ќе се одржи Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби на турските со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.
По завршувањето на официјалниот дел на бизнис-форумот планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе економски сектори.
Македонско-турски бизнис-форум, форум, Карабук, Регионалната трговско-индустриска комора на Карабук.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.kapital.mk
Датум на објава: 21.09.2012