Како што производите треба да бидат заштитени дома, така се прави и нивна заштита во земјите каде што се продаваат
Стоби флипс” на Витаминка, чаевите „Гуд нејчр” на „Алкалоид”, вината на „Тиквеш” и уште многу други македонски производи што го освојуваат светот, се заштитени во земјите каде што се продаваат. Во зависност од интересот на компанијата, заштитата може да се однесува на различни пра-ва од индустриска сопственост: ознака на потекло и географска ознака, трговска марка и индустриски дизајн, објаснуваат експертите од оваа област.
– Големите фирми што извезуваат од Македонија си ги заштитуваат своите производи. Тие практично го заштитуваат секој производ поединечно. На пример, „Алкалоид” заштитува производ дури во Америка, а „Витаминка” тоа го има направено во Австралија. Како што производите треба да бидат заштитени дома, така се прави и нивна заштита во земјите каде што се продаваат – вели Валентин Пепељуговски од Адвокатска канцеларија и заштита на индустриска сопственост.
Во винарската визба „Тиквеш” објаснуваат дека ја имаат заштитено целокупна палета на називи на вина, околу педесет, како во Македонија, така и во земјите од регионот, во Србија, Хрватска, Албанија и во Косово.
– „Тиквеш” ги има заштитено и својот назив и логото како еден од најпознатите производители вино, кој ужива високо и углед во оваа област – велат од винарската визба.
Подалеку од Европа во Австралија се некои производи на „Витаминка”. Оваа македонска компанија низ светот има заштитено триесетина производи, меѓу кои „Стоби флипс” и зачинот „Дафинка”. – Со години го заштитуваме името и дизајнот на производите – вели Симон Наумоски, директор на „Витаминка”. Терминот индустриска сопственост потекнува од француското право, така што коренот на овој термин е содржан во текстот на првиот патентен закон во Европа, Францускиот закон за патенти од 1791 година.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Фокус Дневен
Автор: Весна Аамчевска
Датум на објава: 08.05.2012