Следната недела, Институтот за акредитација треба да добие зелено светло од Европа, кое ќе значи признавање на сертификатите од страна на сите земји членки на Европа. Со потпишувањето на договорот со Европската организација за акредитација, домашните компании ќе добијат влезница за рамноправна борба на меѓународните тендери.
„Тоа ќе значи дека сите компании кои ќе бидат акредитирани од страна на Институтот за акредитација ќе бидат рамноправен партнер со конкурентните компании во Европа и во светот.
Втора придобивка ќе биде што целокупниот извоз што ќе оди од Македонија, односно производите што ќе бидат испитани од акредитираните лаборатории ќе влегуваат на европските пазари без дополнителни испитувања, а исто така македонски компании ќе може рамноправно со другите компании од Европа да учествуваат на меѓународни тендери “ изјави д-р Трпе Ристовски, директор на Институт за акредитација.
Бизнисмените велат освен со меѓународно признаените сертификати на тендери на кои аплицираат во странство, но и во земјава зад кои стојат меѓународните институции, најголем проблем се и се превисоките банкарските гарнции кои се бараат за потврда на солвентноста на фирмата.
Од 50 до 90 илјади денари компаниите одвојуваат за да добијат потврда за квалитетот на услугите и производите. Стопанствениците за 24 Вести коментираат дека сумата е превисока, со оглед на тоа дека секоја година мора да плаќаат за надзорот од Институтот кој ги контролира, иако сертификатот важи четири години.
Инаку, најголем инитерес за потврда на квалитетот бараат производителите на храна, но високо котираат и фирмите за машинска опрема.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.24vesti.com.mk
Датум на oбјава: 11.04.2012