УНИ Банка со позитивни резултати во првиот квартал во 2013 год

//УНИ Банка со позитивни резултати во првиот квартал во 2013 год

УНИ Банка со позитивни резултати во првиот квартал во 2013 год

[custom_frame_left]Unibanka[/custom_frame_left] УНИБанка како резултат на своето успешно работење и добрите резултати, како и постојаната насоченост кон клиентите  во првиот квартал од своето работење ја покажа и ја зацврсти лидерската позиција во групата на средни Банки.

Вкупните нето приходи од банкарски операции забележаа пораст од 1,01%  во однос на истиот период лани. Нето каматните приходи во однос на Март 2012 година се зголемени  од 96,5 милиони денари на 98,5 милиони денари или за 2,03%.

Нето некаматоносните приходи достигнаа ниво од 41,1 милиони денари и го задржаа  нивото од Март 2012.

Расходите за дејноста  се зголемени за 11,71% во однос на истиот период минатата година.

Нето активата на 31.03.2013 година достигна ниво од 11.130,1 милиони денари.

Вкупните депозити се задржаа на нивото од Март 2012 год. (од 9.387,5  на 9.392,7 милиони денари). Депозитите од население постигнаа значителен пораст.  Имено, во периодот Март 2012 – Март 2013 тие се зголемени од 6.849,0 милиони денари на 7.461,0 милиони денари односно за 8,74%.

Како резултат на се претходно наведено добивката на Банката заклучно со Март 2013 година изнесува  16,6 милиони денари што е за два пати повеќе од истиот период минатата година.

Значителен удел во остварената добивка има и повратот на резервации за кредити кој за првиот квартал од оваа година изнесува 10,4 милиони денари, а произлезе од подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио.

Следејќи ја својата стратегија за балансиран раст УНИБанка преку кредитната експанзија во текот на оваа 2013 год., која оди во нагорна линија , останува Банка што нуди стабилност и сигурност и притоа успеа да го зајакне квалитетот на кредитното портфолијо со што се потврдува со резултат од првиот квартал на работењето на Банката.

Датум на објава: 14.05.2013

By | 2013-05-14T13:21:38+00:00 14/05/2013|Банки|