“073“ ќе заѕвони за неколку недели – „Албафоне“ го пролонгира стартот со работа

//“073“ ќе заѕвони за неколку недели – „Албафоне“ го пролонгира стартот со работа

“073“ ќе заѕвони за неколку недели – „Албафоне“ го пролонгира стартот со работа

Компанијата „Албафоне“, која треба да работи на македонскиот телекомуникациски пазар како четврти мобилен оператор, денеска соопшти дека го пролонгира стартот со работа до завршување на почнатите интерконекциски преговори.

– „Албафоне“ ги заврши сите планирани активности за почнување со работа на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги.  Како што најавивме, завршена е исклучително голема работа со цел да се обезбеди квалитетна понуда и покриеност на целата територија од државата, а пред се во интерес на сите потенцијални клиенти. Меѓутоа, истовремено поради интерконекциските преговори кои се во тек, Албафоне е принудена, непланирано, да го пролонгира својот старт до нивно завршување во текот на наредните неколку недели, се вели во соопштението од „Албафоне“.

Според компанијата, станува збор за усогласувања и преговори што интензивно ги води со постоечките големи мобилни оператори во Република Македонија околу, како што наведува, „постигнувањето меѓусебни интерконекциски договори, чијашто деликатност бара дополнително време надвор од нашата претходно зацртана динамика за работа“.

Сепак, се вели во соопштението, „Албафоне“ е целосно подготвена да ги понуди своите телекомуникациски услуги на овдешниот пазар. Притоа, веќе се завршени и сите системски и мрежни тестирања, а воедно целосно е подготвен и широк сет услуги (заедно со сите пропратни елементи) што „Албафоне“ планира да им го понуди на корисниците, како физички лица, така и правни субјекти во Република Македонија. Очекуваме во наредниве недели да заѕвонат и броевите со префикс “073“, соопштуваат од „Албафон“.

Плановите за работа на македонскиот пазар како виртуелен оператор „Албафоне“ ги објави на почетокот на минатиот месец. Тогаш беше најавено дека ќе почне со продажба на картички од овој месец.

[custom_frame_center]“073“ ќе заѕвони за неколку недели - „Албафоне“ го пролонгира стартот со работа[/custom_frame_center]

Извор:  www.press24.mk

Датум на Објава: 29,08,2013

By | 2013-08-29T15:27:07+00:00 29/08/2013|Телекомуникации|