2бе Нов Генерален Дистрибутер На Операторот Оне

//2бе Нов Генерален Дистрибутер На Операторот Оне

2бе Нов Генерален Дистрибутер На Операторот Оне

Телекомуникацискиот оператор Оне и синџирот од продавници за дистрибуција на телекомуникациски производи и услуги склучија стратешко партнерство, со што 2бе станува нов главен дистрибутер на Оне. Сите производи и услуги на телекомуникацискиот оператор Оне веќе се достапни во 11 продавници на 2бе низ цела земја. Генералниот менаџер на 2бе, Александар Медарски, најави дека до крајот на годинава планираат да отворат уште три нови продавници каде што корисниците ќе можат да ги добијат производите и услугите на операторот Оне.

„Ми претставува задоволство што Оне и 2бе го официјализираа договорот за соработка. Во 2бе препознавме сериозен партнер, проверен и веќе докажан малопродажен дистрибутер кој ќе овозможи нашите производи и услуги да станат уште подостапни до сите граѓани“, изјави генералниот извршен директор на Оне, Цирил Кафол.

Конвергентноста на сервисите на Оне, богатото портфолио на производи и услуги и континуираното инвестирање во иновативни и технолошки напредни решенија беа пресудни за влезот на 2бе во фамилијата Оне, посочи Медарски.

[custom_frame_center]2бе нов генерален дистрибутер на операторот Оне[/custom_frame_center]

 

Извор: www.kapital.mk

Датум на Објава: 11.05.2012

 

By | 2012-05-11T15:03:56+00:00 11/05/2012|Телекомуникации|