Дел од банките во земјава се изненадени што најновите мерки Народна банка на Македонија ги донела без претходно со нив заеднички да ги разгледа. Со овие мерки монетарната власт ги ограничи износите на банкарски пари што ќе можат да се врзуваат во благајнички записи, а аукциите ќе се одржуваат само еднаш во текот на месецот, наместо неделно како што беше досегашната практика.
Ваков сигнал вчера стигна од Охридска банка. ,,Бев многу изненадена што за овие мерки дознав од весниците. Бев изненадена што за оваа значајна промена не се дискутираше претходно, како што е практика во сите европски земји. Ова не беше дискутирано ниту на ниво на Здружението на банкари. Би била благодарна доколку во иднина ваквите одлуки бидат дискутирани меѓу НБМ и банките, за да се одржи монетарната стабилност во земјата”, рече Јитка Пантучкова, претседателка на Управниот одбор на Охридска банка на вчерапшата пресконференција.
Таа смета дека е рано да се зборува за ефектите од овие мерки, а тие ќе имаат различно влијание врз банките. Сепак, Пантучкова потенцираше дека секоја мерка има своја цена.
Дел од вишокот ликвидност банката ќе го вложува во инструменти како што се државни записи и благајнички записи, но дел од средствата ќе бидат насочени кон економијата.
Дали банката ќе ги намали каматите на штедните влогови, претседателката на УО на Охридска изјави дека секоја банка има своја политика и ќе одлучи какви ќе бидат нејзините потези.
Инаку, откако НБМ ја објави најновата мерка, дел од банкарите порачаа дека е можно да дојде до намалување на каматите на депозитите. „Голема е веројатноста да не дојде до значително зголемување на кредитирањето, со оглед дека се упгге изостануваат кредитни барања за квалитетни проекти, а и ризиците во реалниот сектор се се уште големи. Можноста за раст на кредитите е особено ограничена и поради законски пропишаните стапки за ликвидност. Значи, останува можноста да се инвестира во државни хартии од вредност или и понатаму да се инвестира во благајнички записи, а намалениот приход да се префрли на депозитната страна, така што ќе се намалат пасивните каматни стапки”, објаснија неодамна од Комерцијална банка.
Од Прокредит банка, пак, тогаш изјавија дека новата монетарна рамка ќе значи и намален потенцијален приход, кој неминовно ќе се одрази во еден сегмент од работењето на банките. ,Дополнително, каматните стапки на кредитите паѓаа во изминатиов период. Пазарно очекуван е и пад на каматите на депозитите, бидејќи тие се во директна врска со каматите на кредитите”, потенцираа од оваа банка.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Утрински Весник
Датум на објавата: 20.04.2012
Автор: Нина Нинеска-Фиданоска