ТГК банка воведе нови промотивни каматни стапки за ненаменските кредити достапни за новите корисници кои се воведуваат во рамките на пакетите „Премиум смарт” и „Премиум Вип” за приматели на плата во банката.
Корисниците на пакетите „Премиум смарт” и „Премиум Вип” може да добијат пониска каматна стапка за ненаменски хипотекарен кредит со само 7,5 отсто годишна каматна стапка и рок на враќање од 8 години.
Корисниците на пакетот „Премиум смарт” ќе добијат најповолни каматни стапки за ненаменски потрошувачки кредит од 9,5 отсто и без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот и пониска провизија за одобрување. Корисниците на пакетот „Премиум Вип”, пак, ќе добијат пониски каматни стапки за ненаменски Вип-кредит од 8,5 отсто, олеснето обезбедување (без жиранти и без административна забрана) и најмала провизија за одобрување од само 1 отсто од износот.
Корисниците на двата пакета може да ги користат и поволностите на кредитната картичка „виза класик” со каматна стапка од 10,5 отсто.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Dnevnik
Датум на објава: 03.05.2012