Во пресрет на летните одмори, Вип оператор понуди нова едноставна роаминг тарифа која ќе биде достапна по поевтини цени, со што корисниците значително ќе ги намалат трошоците по овој основ. Единствената роаминг тарифа, корисниците на Вип можат да ја користат без посебен процес на активација, што ја прави оваа услуга достапна на едноставен начин.
Новата роаминг тарифа нуди подостапни цени за разговори со една цена за интернационални повици, вклучувајќи го и користењето на интернет. Намалувањето на цените е до 13%. Со овој модел, роамингот е поделен во само две зони.
– Главната цел на Вип е да им овозможи на своите корисници комуникација која ќе понуди повеќе вредности од различен аспект. Пред почетокот на летните одмори, ние на нашите постпејд корисници им нудиме нова роаминг тарифа. Со тоа тие добиваат повеќе разговори и интернет-сурфање по поволни цени. Истовремено, новиот роаминг модел им нуди едноставност на корисниците бидејќи сега роаминг зоните се намалени на само две зони – Европска зона без Русија и останатиот дел од светот. Нашите залагања секогаш да им понудиме на корисниците најдобра вредност за нивните пари уште еднаш ја потврдивме преку оваа роаминг тарифа, пресретнувајќи ги нивните очекувања – изјави Флоријан Нидерсус, главен маркетинг директор на Вип.
Новата роаминг тарифа ќе биде автоматски достапна за сите постпејд корисници.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.vecer.com.mk
Датум на објавата: 03.05.2012