Кромберг и Шуберт До Крај На Годината Ќe Почне Со Производство Во Битола

//Кромберг и Шуберт До Крај На Годината Ќe Почне Со Производство Во Битола

Кромберг и Шуберт До Крај На Годината Ќe Почне Со Производство Во Битола

Германската компанија Кромберг и Шуберт која гради фабрика во битолската индустриска зона Жабени и чија инвестициска вредност се проценува на околу 20 милиони евра, наскоро ќе почне да ги реализира првите вработувања, менаџери за индустриски инжинеринг и менаџер за квалитет.

“Тоа што го зацртавме како цел се реализира, очекуваме до крајот на ноември фабриката да биде изградена а тоа значи почеток со нововработени лица. Изведувачите имаат сериозен пристап во овој проект и објект, поставена е подземната инфраструктура, вградени се 58 специјални носачи и арматура за големата хала каде ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија“, вели градоначалникот на Битола Владимир Талески.
Кромберг и Шуберт во Битола планира да вработи до 2.500 работници, посочи градоначалникот Талески.

Германската компанија ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили „БМВ“, „Мерцедес“, „Ауди“ и други и вработува преку 23.000 луѓе ширум светот.

[custom_frame_center]Кромберг и Шуберт до крај на годината ќe почне со производство во Битола[/custom_frame_center]

Извор: www.time.mk

Датум на објава: 07.05.2012

By | 2012-05-07T15:44:46+00:00 07/05/2012|Економија|