Стопанска Банка Со Помала Камата За Малите И За Микрокомпаниите

/, Економија/Стопанска Банка Со Помала Камата За Малите И За Микрокомпаниите

Стопанска Банка Со Помала Камата За Малите И За Микрокомпаниите

Стопанска банка АД – Скопје ги намали редовните каматни стапки за малите и за микро-компаниите за денарски долгорочни и инвестициски кредити (во зависност од приходите на правното лице) на 10 отсто годишно, променлива за рамковни лимити. Со намалување на денарските каматни стапки, Стопанска банка нуди поголема можност на малите компании, кои се најбројни во секоја економија, да го искористат својот потенцијал и да го прошират својот бизнис.

Стопанска банка АД – Скопје постојано работи на унапредува-њето на финансиската поддршка што ја обезбедува за овие компании. За таа цел, советниците за мали и за микрокомпаниите нудат поддршка во разбирање и подобрување на финансиското работење, помагаат при користење на банкарските производи и услуги и информираат за сите нови производи и услуги.

[custom_frame_center]Стопанска банка со помала камата за малите и за микрокомпаниите[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 09.05.2012

 

By | 2012-05-09T08:20:30+00:00 09/05/2012|Банки, Економија|