„Македонски телеком” ги зголеми за 7,4 проценти приходите од интернетот и од дигиталната телевизија во првиот квартал од годинава во споредба со првиот квартал лани.
Во првиот квартал од 2012 година оперативните приходи на „Македонски телеком” и на групацијата „Т-мобиле” изнесуваат 3,4 милијарди денари. Таквите движења резултирале со нето добивка за првиот квартал од годинава од 761 милион денари.
Приходите од продажбата на ниво на групацијата, пред се, како резултат на големата конкуренција на пазарот на мобилната телефонија, во првиот квартал да динава во однос на истиот.период лани се намалени за 12,2 проценти. Опаѓањето на приходите најмногу се должи на падот на приходите од говорни малопро дажни услуги, пред се, како резултат на намалувањето на базата на претплатници, што резулти ра со 1.229.000 илјади претплатници на крајот од март годинава, „Македонски телеком” и натaму го задржува лидерското место во сегментот на фиксна телефонија со удел од 75 проценти на пазарот и во сегментот на широкопојасниот интернет со удел од 56 проценти.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Дневник
Датум на објава: 11.05.2012