Промовиран бизнис-каталог за мали и за средни претпријатија

//Промовиран бизнис-каталог за мали и за средни претпријатија

Промовиран бизнис-каталог за мали и за средни претпријатија

Центарот за развој на Источен плански регион како дел од акгивностите од проектот „Прекугранично бизнисвмрежување за одржлив раст СВN-ет за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 20072013, финансиран од ИПАфондовите, промовира бизнискаталог за мали и за средни претпријатија.

Бизнискаталогот содржи информации за над 1.000 правни субјекти (мали и средни претпријатија, институции кои нудат поддршка на бизниссекторот), кои ќе им помогнат на заинтересираните полесно да дојдат до податоци за малите и за средните претпријатија од прекуграничниот регион. Каталогот содржи и информации за правните субјекти во Источниот плански регион на Македонија и во областа Благоевград, Бугарија. Основна цел на проектот е подобрување на бизницклимата во прекуграничниот регион преку унапредување на бизниссоработката на компаниите, како и преку развој на нови бизнисуслуги и изнаоѓање нови иновативни начини за маркетинг и за промоција на компаниите од регионот. Каталогот е издаден на три јазика: македонски, бугарски и англиски и во план е негова промоција и дистрибуција и во другите земји од ЕУ.

[custom_frame_center]Dnevnik 09.pdf_1[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на Објава: 12.05.2012

By | 2012-05-12T14:59:11+00:00 12/05/2012|Економија|