Првите 90 белгиски туристи оваа сезона допатуваа во земјава. Со првиот редовен лет на авиокомпани-јата „Џетерфлај,, од Белгија, 68 од нив слетаа на скопскиот аеродромот „Александар Велики”. Останатите белгиски туристи слетаа на охрид-скиот аеродром „Св. Апостол Павле”. Со првиот лет на „Џетерфлај„ од Ма-кедонија одлетаа 57 патници. На туристите кои допатуваа во Скопје и на екипажот на воздухопло-вот Боинг 737-500 топло добредојде им посака генералниот менаџер на „ТАВ Македонија„, Зоран Крстевски, почесниот конзул на Белгија, Елена Никодиновска, заменик-генералниот менаџер за маркетинг на „ТАВ Македонија„, Зафер Меше, менаџерот на аеродромот „Александар Велики,, во Скопје, Неџат Курт, како и персона-лот на аеродромот „Александар Велики„. Пат-ниците и членовите на екипажот беа послужени со торта и квалитетни македонски вина. Со компанијата „Џетерфлај„ и новата лини-ја со Брисел, граѓаните на Македонија добиваат уште едно значајно поврзување со една од за нас позначајните европски дестинации – рече Крстевски. Тој посочи дека оваа линија на голем дел од нашите граѓани кои се на времена работа во земјите на Бенелукс ќе им овозможи побрзо и поудобно да доаѓаат во Македонија. Ова истовремено претставува голема мож-ност за туристички прилив, за што потврда се големиот број на веќе резервирани туристички аранжмани со туроператорите од тие земји -нагласи Крстевски. Според него за летово се очекува само од Холандија и Белгија да пристигнат близу 20.000 туристи, поради што летот ќе се остварува двапати неделно и ќе ги поврзува скопскиот и охридскиот аеродром. Во преговори сме и со други компании за воведување на нови линии. Дополнително ќе помогне и одлуката на владата со финансис-ка помош да поттикне нови летови и дестинации – изјави Крстевски и информираше дека порастот на сообраќајот во првите четири месеци од годинава, споредено со ла-ни, е скоро 25 отсто. Белгиската авиокомпанија до септември ќе има редовни летови секој вторник и недела од Брисел до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле„ и до скопскиот аерод-ром „Александар Велики”. „Џетерфлаj„ заедно со уште седум други авиокомпании, е дел од најголемата туристичка флота во Европа, во рамки на групацијата „ТУИ травел ПЛЦ„, која веќе започна со туристички аранжмани и оствари летови до Македонија, носејќи туристи од државите на Бенелукс со првиот лет од Хо-ландија на крајот на април.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на објава: 15.04.2012