За повеќе земјоделци се одтучуваат за органско производство на храна. Бројот на купувачите кои сакаат органски зеленчук, овошје, мед и слично се зголемува, а Маквдонија се промовира како лидер за органско производство во регионот.
„Во 2007 година органска храна произведуваа 120 фармери на 1.266 хектари, а денес бројките се 5.266 хектари и над 1.300 земјоделци, посочи заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски на конференцијата за органско производство на институциоиалната мрежа на министерствата за земјоделство од медитеранските земји (МОАН). Тој информираше дека е зголемена и државната помош за органско производство за 30 отсто, и годинава изнесува 1,8 милиони евра.
Според Оливера Бичиклиска, одговорна за органско земјоделство во миниистерството, интересот на домашшните потрошувачи за органските производи е се поголем. Покрај првата специјализирана продаиница што почна да работи мината година во ГГЦ, следи отварање на уште една, а тоа укажува на добар, позитивен тренд.
„Се надевам дека купувачите веќе ги забележале и преработките во големите маркети, органски мед, пиперки, сирење”, рече Бичиклиска.
Како што беше истакнато на конференцијата, за Македонија и останатите земји е многу важио да го развијат органското земјоделство не само од економскиот аспекг, туку и поради безбедноста за здравјето на луѓето и заштитата на животната средина.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Утриснкси Весник
Датум на објава: 16.05.2012