Бугарската компанија ,,Соларпро Холдинг” потпиша договор за изградба на фотоволтаичен парк во Македонија.
Според компанијата соларниот парк со моќност од 1 мегават ќе се гради во близина на Битола, а бугарската компанија, ќе биде одговорна за целосната реализација на проектот.
,,Соларпро Холдинг” досега во Бугарија има изградено 32 соларни електрани со вкупен капацитет од речиси 100 мегавати, а соларниот парк во Битола ќе биде првиот што компанијата го гради во странство.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.energymk.com.mk
датум на објава: 16.05.2012