Македонските Банки Ги Чекаат Грчките Евра

/, Економија/Македонските Банки Ги Чекаат Грчките Евра

Македонските Банки Ги Чекаат Грчките Евра

Дел од заштедите на Грците би можеле да завршат и во македонските банки, особено во пограничните градови како што се Битола и Гевгелија, иако нашите банкари не очекуваат масовна преселба на еврата. Само во еден ден, во понеделникот, Грците ги олесниле банките за 700 милиони евра, а ваквиоттренд продолжил и во вторникот, јавија светските агенции. Според агенцијата Ројтерс, во периодот помеѓу јануари 2010 и март 2012 година Грците повлекле речиси една третина од своите заштеди во банките намалувајќи ги вкупните депозити на фчките граѓани и на фирмите на 165 милијарди евра. Дел од овие пари би можеле да завршат и во македонските банки, особено во пограничните градови како што се Битола и Гевгелија, иако нашите банкари не очекуваат масовна преселба на грчките евра, туку пред се поединечни случаи. Стравот од напуштање на еврозоната и враќање на драхмата се главна причина за ова повлекување на парите  објаснува Горѓи Јанчески, директор на НЛБ Тугунска банка. Доколку Грција се врати на драхмата, во тој случај заштедите во банките во оваа земја ќе се претворат во староновата валута за која сите предвидуваат дека веднаш ќе девалвира, а веројатно ќе има и инфлација. Затоа многумина се решаваат да ги повлечат парите  објаснува Јанчески.  И минатата година имаше сличен тренд на повлекување евра од банките во Грција. Поголем дел од тие пари завршија во банките во странство, најмногу во Швајцарија и во САД, велат банкарите, но дел и на сметки во Бугарија, Кипар, Македонија… најголема раздвиженост имаше во градовите што гравитираат кон Грција, иако, како што велат во Народната банка на Македонија, во целина земено учеството на нерезиденти во вкупниот број штедачи и во вкупните заштеди не е големо. Сепак, нашите банкари велат дека се подготвени да ги примат новите штедачи од соседството и дека имаат конкурентни каматни стапки. Кризата во Грција уште еднаш го отвори прашањето за последиците што ќе ги трпи Македонија и нејзиното стопанство. Грција е еден од нашите најголеми надворешнотрговски партнери и земја од која доаѓаат повеќе инвестиции во енергетиката, нафтената индустрија, неметалите, тутунската индустрија, финансискиот сектор…

 Нашите банки се стабилни

Ако во Грција не успеат да состават влада, односно ако на власт дојдат партии кои нема да ги спроведуваат договорените мерки на штедење, тогаш станува реална опцијата земјата да ја напушти еврозоната вели гувернерот на НБМ Димитар Богов. Што се однесува до Македонија, вели Богов, грчката криза нема да има директни негативни ефекти врз економијата и врз нашиот банкарски сектор и врз штедачите затоа што депозитите во нашите банки се пласирани во кредити во Македонија, како и во благајнички записи на НБМ и во државни записи, кои ги издава нашето Министерство за финансии. Дополнителна брана која ја гарантира стабилноста на нашите банки е законската одредба тие да може да бидат изложени кон матичните банки најмногу до 10 отсто од капиталот. НБМ ја следи ситуацијата и ја надгледуваме работата на банките. Двете банки кои имаат грчки акционери, Стопанска банка  Скопје и Алфа банка, се високо ликвидни и имаат одлична адекватност на капиталот  вели гувернерот Богов. И од Стопанска банка  Скопје велат дека капиталот што го има инвестирано Националната банка на Грција во Стопанска банка е од неповратен и траен карактер и без оглед на случувањата во Грција, капиталот не може да се повлече од банката или од земјата. Целокупните средства на банката се пласирани во Македонија и банката не е изложена кон должнички инструменти на која било земја од ЕУ, вклучително и Грција. Банката располага со највисоката капитална сила во секторот од 181 милиони евра и адекватност на капиталот од 17,6 проценти, што обезбедува стабилно, сигурно и здраво работење велат од Стопанска банка, додавајќи дека работат согласно со врвните стандарди за стабилно и безбедно работење и дека минатата година ја завршија со добивка пред оданочување во износ од 10,5 милиони евра, а во првиот квартал од годинава добивката била 4,4 милиони евра Инаку, кризата во Грција негативно влијае врз севкупната македонската економија. За тоа зборуваат и податоците за надворешнотрговската размена и за континуираното опаѓање на македонскиот извоз во Грција во последните пет години. За разлика од тоа, увозот од оваа земја се одвива нормално, што, според гувернерот Богов, е одраз на стопанските активности во двете земји, опаѓањето на домашниот брутопроизвод во Грција и порастот што го има Македонија во овој период.

Најопасен ефентот на зараза

Евентуалното враќање на драхмата, поради нејзината депресијација, ќе ги направи грчките производи уште поевтини, а нашите поскапи, па во тој случај треба да се очекува натамошно намалување на нашиот извоз во Грција. Сепак, отворено е прашањето како напуштањето на Грција на еврозоната, што станува реална опција, ќе влијае врз еврото како валута.  Најопасен би бил ефектот на зараза, кој е многу изразен во финансискиот сектор  вели професорот на Економскиот факултет, д-р Михаил Петковски, додавајќи дека никој не може да ги предвиди последиците доколку се распадне еврозоната бидејќи тие би биле несогледливи и самата помисла на тоа да колабира цел еден таков систем е застрашувачка. Инаку, доколку целата работа се сведе на напуштање на Грција на еврозоната, тоа нема многу да влијае бидејќи оваа земја учествува со 3 отсто во БДП на еврозоната. Што се однесува до влијанието врз македонската економија, според професорот Петковски, колку рецесијата во еврозоната е поголема, толку повеќе таа се пресликува и кај нас. Преминот од една кон друга валута е комплексен процес, но доколку се случи Грција повторно да ја воведе драхмата, тогаш вероЈатно нашиот извоз во оваа земја дополнително ќе се намали бидејќи тие ќе гледаат само да ги пласираат своите производи  вели професорот. Последните случувања поврзани со кризата во Грција дополнително ја намалија вредноста на еврото кон доларот. Така, во вторникот, по објавување на веста дека Грција ќе оди на нови избори, еврото изгуби 0,3 отсто од вредноста спрема доларот и се спушти на 1,2788 долари, а за момент потона и на 1,2769 долари, што е најниско ниво уште од средината на јануари оваа година. Дека не е се црнобело, велат економистите,покажува и поевтинувањето на суровините, како нафтата и енергентите, што од своја страна влијае стабилизирачки.

[custom_frame_center]Македонските банки ги чекаат грчките евраМакедонските банки ги чекаат грчките евра[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на Објава: 17.05.2012

 

By | 2012-05-17T08:30:45+00:00 17/05/2012|Банки, Економија|