Кредитната рејтинг агенција Стандард&Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија за странска и за домашна валута на стабилен ББ/Б со добри перспективи за во иднина. Потврдата на оценката за кредитниот рејтинг се случува во услови кога кредитната рејтинг агенција Стандард&Пурс ги намали оценките за повеќе земји во регионов и Европа, како Словенија, Франција, Италија, Португалија, Австрија, Кипар, Словачка и Шпанија – соопшти Министерството за финансии. Според Стандард&Пурс потврдата на рејтингот се должи на поволната фискална политика и на ниската задолженост, како и на изгледите за евентуално пристапување кон ЕУ, што претставува стожер за спроведување на реформите. Со задоволство можеме да кажеме дека ова е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека Македонија е земја во која имаат доверба и во која и во иднина може да сметаат дека ќе има здрави економски политики – стои во соопштението од Министерството за финансии.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на објава: 18.05.2012