Од Септември Млеко Со Знак На „Суташ”

/, Млеко/Од Септември Млеко Со Знак На „Суташ”

Од Септември Млеко Со Знак На „Суташ”

Собранието на доверители одлучи да го продаде имотот од стечајната маса во „Свед-милк” откако најголемиот доверител, Тутунска банка, го продаде својот дел од млекарницата. „Балканска млекара” ДООЕЛ Скопје, чиј основач е една од најголемите турски компании во млечниот бизнис, „Су-таш”, и официјално стана сопственик на це-локупниот имот на „Сведмилк”. Иако стечајната маса е проценета на 2,2 милиони евра, „Мак-Балкан” понудила помалку. Сепак, дел од кооперантите, изгорени од сагата наречена „Сведмилк”, речиси и не веруваат дека млекарницата ќе проработи. Не сакаа јавно да зборуваат затоа што велат дека цело време се под посебна присмотра по серијата протести што се случуваа кога почна млечната криза во земјава, а поврзана со шведската млекарница. Тогаш изедов ќотек, не ги добив парите што ми ги должат, субвенции веќе не добивам. Одгледувам околу 20 крави, некако се снаоѓам. Би ве замолил да не ми го кажувате името затоа што веќе немам нерви да се заморувам со тоа. Мислам дека и ова е некаква политичка игра – вели поранешен кооперант на „Сведмилк”. Сепак, според најавите, долгот кон доверителите на млекарницата конечно ќе биде исплатен. Дел од фармерите, кои по пропаѓањето на шведската млекарница побаруваа долг од четири милиони евра, очекуваат со новиот сопственик да се решат досегашните проблеми. Покрај преземањето на млекарницата, од компанијата најавуваат и дополнителни инвестиции во изградба на нови погони и капацитети, како и отворање погон за производство на сточна храна. Во планот на компанијата е и нејзино проширување сооткуп на некои од постојните земјоделски капацитети, како и договори со фармерико-операнти. Од компанијата најавија скорешно доаѓање на висок претставник на „Суташ” во Македонија, при што на пресконференција ќе ги презентира нивните планови. Исто така, за побрзо рестартирање на производството, кое треба да се случи набргу, во Македонија е присутен стручен тим на ком-панијата ишз ќе работи на подготовките. Рестартирање на млекарницата се очекува во септември. Турската компанија „Суташ” пред месец и половина за 4,4 милиони евра ја купи „Сведмиж”, која стартуваше како гринфилд-инвестиција, но пропадна по 18 месеци работа. Вкупниот долг на млекарницата се проценува на 32 милиони евра.

[custom_frame_center]Од септември млеко со знак на „Суташ"[/custom_frame_center]

Извор: Ден

Датум на објава: 18.05.2012

 

 

By | 2012-05-18T07:58:40+00:00 18/05/2012|Економија, Млеко|