Нов Кредит од Шпаркасе

//Нов Кредит од Шпаркасе

Нов Кредит од Шпаркасе

Шпаркасе банка воведе нов вид ненаменски потрошувачки кредит кој нуди можност за поинаков начин на пресметување на каматната стапка, според потребите на клиентите.

Новиот Кеш кредит им овозможува на корисниците намалување на каматата преку користење на дополнителни производи на банката, Мастеркард картичка, пречекорување на лимитот на трансакциската сметка и е-банкарство. На овој начин, корисникот сам ја прилагодува каматната стапка според своите потреби, во зависност од тоа кој производ ќе го одбере.

Шпаркасе кеш кредитот има фиксна каматна стапка за првите две години, максимален рок на отплата е 84 месеци, додека задолжително обезбедување е бескаматен депозит во висина од 30 отсто од кредитот. Жиранти се обезбедуваат во зависност од износот на кредитот: до 300 илјади денари без жиранти, од 300.001 до 450 илјади денари еден жирант и од 450.001,00 до 600 илјади двајца жиранти.

„Со својот нов производ, Шпаркасе банка уште еднаш ја потврдува својата примарна определба да понуди атрактивни и издржливи решенија за финансиските потреби на своите и потенцијалните клиенти. Кеш кредитот е поинаков и атрактивен и по начинот на кој го промовираме: забавен, неконзервативен и неконвенционален во банкарската комуникација”, вели Кристина Депо, одговорна за маркетинг и комуникации во Банката.

[custom_frame_center]Нов Кредит од Шпаркасе[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 21.05.2012

By | 2012-05-22T02:51:07+00:00 22/05/2012|Банки|