Охис Почна со Работа, Но со Пробно Производство

//Охис Почна со Работа, Но со Пробно Производство

Охис Почна со Работа, Но со Пробно Производство

Охис почна со работа, но со пробно производство. До крајот на месецот ќе се произведуваат бои и лакови, и детергенти. Вработените во фабриката се уште си ја чекаат јанураската плата.

250 вработени во Охис пробно го рестартираа производството во два погони во фабриката кое официјално треба да започне деновиве. Активни ќе бидат капацитетите за производство на детергенти, бои и лакови, за да се обезбедат пари за јануарската плата. Од синдикатот прифатија да рестартираат дел од производството, откако раководството не успеа да обезбеди пари за да ги исплати работниците. Велат дека преостанатите плати ќе чекаат да им се исплатат по ребалансот на буџетот, како што им беше ветено од Владата.

-Они можеа да го испочитуваат тоа, да добијат позајмица за исплата на платата каде што требаше да продадат некои несуштински делови на Охис за да се обезбедат пари. Тоа не им успеа, не знам тоа они си знаат најдобро, менаџерскиот тим, кои се пречките што не може тоа да го испочитуват.

Од раководството, пак, велат дека веќе од утре ќе почне исплатата на платата за јануари, но предупредуваат и дека тешката финансиска состојба на Охис уште повеќе се влошува поради честите тужби на работниците.

-Минатата година имавме појава на масовно тужење, тужби кои нели сега добиваат своја завршница стануваат правосилни пресуди  и да спомнам само дека се работи за околу илјада тужби од страна на вработените. Тоа во пари се нешто околу 3 милиони евра. Значи со тоа Охис не може да се справи во моментов.

Шестиот по ред тендер за продажба на Охис трае уште 10 дена. Работниците се надеваат дека конечно ќе се најде инвеститор кој ќе обезбеди финансии и редовно производство. Тендерската документација ја подигнаа 4 компании кои се во постојан контакт со раководството на Охис.

httpv://www.youtube.com/watch?v=tku8d18KQ10

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 21.05.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Тања Попова

By | 2012-05-22T03:36:20+00:00 22/05/2012|Економија|