„Еуролинк Осигурување“ А.Д. Скопје, која е лидер во патничко осигурување на македонскиот пазар од 2005 година, деновиве ја издаде 330.000-та осигурителна полиса. Овој осигурителен производ има долга традиција во компанијата, а вкупната бруто полисирана премија остварена од патничко осигурување, од 2003 година до денес, изнесува околу 5 милиони евра.
Полисите за патничко осигурување од „Еуролинк“ се изработени според меѓународни стандарди, вклучуваат широка палета осигурени ризици и се достапни преку бројни дистрибутивни канали на македонскиот пазар. Овозможени се повеќе модалитети на патнички осигурувања: индивидуално, групно, семејно патничко осигурување, патничко осигурување за ученици и студенти, како и бизнис патничко осигурување.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.plusinfo.mk
Датум на објава: 22.05.2012