Македонски инвестициски форум во организација на Европската комора за Централна и Источна Европа (EuCham CEE) ќе се одржи во Будимпешта на 25 јуни годинава. Настанот е во низата бизнис-форуми што ги организира македонската Влада со цел да ја претстави Македонија како инвестициска и деловна дестинација.
Форумот ќе биде отворен од македонскиот амбасадор Дарко Ангелов и од претседателот на EuCham CEE, Мишел Орзан. На присутните ќе им се обратат директорот на Агенцијата за технолошки и индустриски зони, Виктор Мизо и Филип Нелковски, економски аташе во амбасадата во Австријa.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.time.mk
Датум на објава: 22.05.2012