Во Томатоленд ќе Растат Домати од Камена Волна

/, Земјоделство/Во Томатоленд ќе Растат Домати од Камена Волна

Во Томатоленд ќе Растат Домати од Камена Волна

Во Свети Николе се наоѓа најсовремениот стакленик на Балканот. Стакленикот Томатоленд е од најсовремен холандски тип и е комплетно домашна инвестиција од 1,8 милиони евра на фирмата „МДМ” доо Свети Николе. Истиот има површина од 20.000 квадратни метри и е со висина од 5 метри, со опрема од последната генерација за наводнување и прихрана „капка по капка”, греење, термоенергетска завеса, вентилација, контрола на С02 и сето тоа контролирано компјутерски со најсовремен ПРИВА компјутер и соодветен софтвер за таа намена.

Значењето на проектот за регионот е исклучителен со оглед дека се работи за комплетна „грин филд” инвестиција која од моментот на пуштање во употреба постојано ќе вработува 15 до 20 работници од различни профили. Дел од вработените, во соработка со партнерите од Холандија се на обука во Земјата на лалињата за специфичните техники на одгледување.

Ова е најсовремен стакленик од ваков тип, не само во Македонија, туку и во регионот. Со оглед дека се работи за хидропонично производство во камена волна, воопшто не се користи почвата како медиум, туку растенијата се одгледуваат во медиум камена волна, а дозирањето на вода и прихрана се одвива компјутерски преку системот „капка по капка”, а во зависност од фазата на развиток на растенијата и временските услови  велат од „МАМ”.

Годишниот капацитет на стакленикот изнесува од еден милион до 1,1 милион килограми домати наменети првенствено за извоз, распоредени во таканаречено целогодишно производство при што бербите траат од ноември до јули. За да се добие таквото производство неминовен е стручен и професионален кадар кој Томатоленд го има веќе обезбедено, а воедно и соработка со најсовремените лаборатории за хемиски и биолошки анализи од Холандија и Центри за истражување и консалтинг од сферата на хидропониката.

Доматите произведени на ваков тип ги задоволуваат сите ЕУ норми за квалитет бидејќи се без употреба на инсектициди. Борбата со штетниците се одвива со биолошка заштита, а оплодувањето на цветот на доматите е со пчели  велат од „МАМ”.

[custom_frame_center]Во Томатоленд ќе Растат Домати од Камена Волна[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 23.05.2012

By | 2012-05-23T07:39:42+00:00 23/05/2012|Економија, Земјоделство|