Груевски Ќе Ги Презентира Економските И Инвестициски Потенцијали Во Италија

//Груевски Ќе Ги Презентира Економските И Инвестициски Потенцијали Во Италија

Груевски Ќе Ги Презентира Економските И Инвестициски Потенцијали Во Италија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе го предводи владиниот економски тим кој ќе оствари презентација на економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе заинтересирани италијански инвеститори на бизнис форуми во Торино и Милано, Република Италија.

Во владиниот економски тим покрај премиерот Груевски, се и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.

Бизнис форумите се организирани во соработка со Стопанската комора на Торино и Стопанската комора на Милано. Покрај овие два бизнис форуми, за време на престојот во Милано претседателот Груевски и членовите на владиниот економски тим ќе присуствуваат и на работната вечера во организација на Американската комора во Италија, на која ќе бидат присутни претставници на повеќе италијански компании.

Во рамки на настаните предвидено е одржување и на поединечни средби со неколку заинтересирани инвеститори на кои ќе им бидат претставени економските потенцијали и можностите за инвестирање во Македонија.

[custom_frame_center]Груевски ќе ги презентира економските и инвестициски потенцијали во Италија[/custom_frame_center]

 

Извор: www.netpress.com.mk

Датум на објава: 23.05.2012

By | 2012-05-23T11:23:39+00:00 23/05/2012|Економија|