Македонското Вино ќе се Промовира во САД

//Македонското Вино ќе се Промовира во САД

Македонското Вино ќе се Промовира во САД

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од утре во Вашингтон, Чикаго и Њујорк организира промоции на вина од осум македонски винарии.

На промотивните настани, организирани во соработка со амбасадата на Македонија во Вашингтон и конзулатите во Њујорк и Чикаго, со поддршка на проектите на УСАИД – АгБиз и ИДЕАС ќе бидат претставени вината на „Бовин“, „Далвина“, „Дудин“, „Езимит“, „Попова Кула“, „Стоби“, „Тиквеш“ и „Камник“.

Промоцијата на македонското вино пред дистрибутери, увозници и високи гости од политичкиот свет во Вашингтон ќе се одржи утре, во Чикаго задутре, а во Њујорк  на 5 јуни.

Покрај учеството на промотивните настани, претставниците на македонските винарии ќе остварат и средби со вински експерти за американскиот пазар, потенцијални увозници и дистрибутери, како и со претставници на малопродажни ланци и специјализирани продавници за вино.

– Целта на овие настани е освојување на американскиот пазар и зголемување на извозот на вино, преку градење препознатливост за македонското вино пред американските  професионалци за вино и американските потрошувачи, како и преку изнаоѓање потенцијални увозници и дистрибутери за македонските винарии во САД, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извзот.

Инаку Македонското вино пред неколку недели беше презентирано во Кина. Најголемиот кинески дистрибутер на вино најави потпишување на договори со девет македонски винарии. Според најавите можно е Кинезите да го откупат целото вино од Македонија.

[custom_frame_center]Македонското Вино ќе се Промовира во САД[/custom_frame_center]

Превземено: www.kurir.mk

Датум на објавата: 29.05.2012

By | 2012-05-30T06:17:52+00:00 30/05/2012|Економија|