Расте Бројот на Компјутерски Измами

//Расте Бројот на Компјутерски Измами

Расте Бројот на Компјутерски Измами

Расте бројот на компјутерски измами од кои најбројни во Македонија се злоупотребите на платежните картички. Експертите советуваат граѓаните да бидат внимателни каде и какви податоци оставаат на социјалните мрежи бидејки расте бројот и на измами во порнографски цели.

Честитки, добивте вредна награда, наследство, бесплатно патување – ова се само дел од пораките кои граѓаните секојдневно ги добиваат на нивната електронска пошта од непознат испраќач. Единствено што се бара од нив е само да ги остават личните податоци и бројот на сметката  за да им бидат префрлени наводно добиените средства. Оние кои ќе го сторат тоа, не само што ќе останат без ветената награда, туку и без своите пари, кои завршуваат во џебовите на вештите компјутерски криминалци,  предупредуваат експертите. Тие укажуваат дека комјутерските измами се во пораст во целиот свет, а имуна не е ниту Македонија, каде најмногу злоупотреби има на платежни картички.

-Скрос ефикасна заштита нема, секој треба да си внимава кои и какви податоци оставаме, и оние плаќањата преку некој може да ги злоупотреби нашите картички. Еве ако отворите по некоја од страниците ќе најдете и дка продаваат-значи продаваат броеви од кредитни картички, изјави доц.Светлана Николовска, од Факултетот за безбедност во Скопје.

Според доц. Николовска кај нас не се зборува многу и за моралната безбедност, посочувајќи дека јавноста малку е свесна на опасностите од злоупотреба на личните податоци кои ги оставаме на социјалните мрежи.

-Младите деца ставаат фотографии на Фејсбук, но не знаат дека тие фотографии од некого може да бидат симнати па обработени преку фотошоп и употребени за порнографски материјал. Се повеќе трреба па и вие медиумите да се организираат дури средби за на некој начин да им се укаже од таа опасност на граѓаните,  граѓаните не ја сфаќата реално опасноста затоа што мислат дека сето тоа му се случува не некој друг, додава Николовска.

Николовска предупредува дека се поголем е бројот на лица, најчесто од помладата популација кои сакајќи брзо да стекнат богатство влегуваат во водите на комјутерскиот криминал, поради што е потребно и државата да ги надгради своите одбрамбени капацитети, а специлајизираните служби постојано да и следат светските практики за борба против сајбер криминалците.

httpv://www.youtube.com/watch?v=VOCGz42eGyM

Превземено: Телма

Датум на објавата: 03.06.2012

Термин: 18.30 часот

Автор: Горан Момироски

By | 2012-06-04T02:43:33+00:00 04/06/2012|Информатичка технологија|