Во пресрет на барањата и потребите на клиентите Стопанска банка од први месецов, ги намали каматните стапки за нови и постојни станбени кредити со што на пазарот понуди најдобри услови за купување на нов дом за македонските семејства.
Со гарантирана годишна каматна стапка од само 5.85 отсто за првите три години и променлива годишна каматна стапка од 7.25 отсто за клиентите кои платата ја примаат во Стопанска банка станбениот кредит со девизна клаузула е достапен за уште поголем број на клиенти.
Покрај тоа, Банката ја продолжи понудата за 50 отсто попуст на административните и нотарските трошоци за сите барања поднесени до 30.06 со што дополнително го олеснува првиот чекор до нов дом за своите клиенти.
Во рамки на понудата за станбени кредити Стопанска банка подготви посебни услови за купување на станови во изградба, за купување на градежно земјиште, за доградба, за купување на деловен простор и сл. На тој начин, опфатени се сите разновидни потреби на клиентите за финансирање на сопствен дом.
Клиентите заинтересирани за условите на станбените кредити можат да се информираат во една од филијалите на Банката каде се распределени Советници за станбени кредити, на веб страницата на Банката или преку 24 часа контакт центарот (02) 3100 109.
