Најсилниот Удар од Кризата Допрва ќе се Почувствува

/, Економија/Најсилниот Удар од Кризата Допрва ќе се Почувствува

Најсилниот Удар од Кризата Допрва ќе се Почувствува

Стопанствениците се загрижени. Очекуваат тежок период во кој главен предизвик ќе биде опстанокот и задржување на работните места. Кредитната подршка е добредојдена но само доколку парите се делат за инвестициски проекти.

Европската криза е длабоко навлезена во македонското стопанство, а конечниот удар допрва следува – предупредуваат бизнисмените. Затоа бараат од Владата со мерките кои ги предвидува да им помогне на фирмите да го задржат бројот на работници и покрај постојаниот пад на производството. Евтините кредити треба да ја подобрат ликвидноста и да ги намалат ризиците при вложувањата.

Ќе бидеме сведоци на многу поразителни бројки во наредниот период, на многу поразителни бројки и многу тешкотии низ кои ќе поминат фирмите – вели претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Мерките на макроекономската политика што ги прават носителите на економските политики треба да се во правец да им ги олеснат ризите на компаниите, а банките да ги заштитат своите пласирани средства и на тој начин само тие можат да понудат и многу подобри услови и ниски каматни стапки – вели Глигор Бишев од Стопанска банка.

Бизнисмените кои претходно веќе ги искористиле поволните заеми од Европската инвестициона банка сметаат дека евтините кредити значително ќе ја подобрат финансиската кондиција на фирмите.

Само исклучиво со работа и користење на овие кредити кои ги обезбедува владата од 100 во 150 милиони евра, кредити со навистина поволна каматна стапка од 5.5% и тие кредити ќе го премости овој момент и оваа криза – смета Аце Антевски, директор на Раде Кончар.

Од дополнително нагласени ризици од европската криза врз домашната економија предупреди и Народната банка главно поради бројните шпекулации за надминување на состојбата во Грција и еврозоната. Според НБМ, иако банките минимално го зголемиле кредитирањето, останува загриженоста поради намалената побарувачка на домаќинствата и компаниите кои пак директно влијаат врз големината на економскиот раст кој земјава ќе го оствари годинава.

httpv://www.youtube.com/watch?v=RGEdGUbtM88

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 07.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Тања Попова

By | 2012-06-08T02:58:04+00:00 08/06/2012|Банки, Економија|