Можно Поскапување на Струјата Летово

//Можно Поскапување на Струјата Летово

Можно Поскапување на Струјата Летово

Вонредниот увоз на струја што го направи ЕЛЕМ зимоска вонредно може да ја поскапи струјата. Одлуката ќе се знае на крајот на овој месец.

Можно е вонредно поскапување на струјата летово. Интервентниот увоз во Февруари за покривање на енергетската криза најверојатно ќе ги зголеми сметките. Енергетските компании ЕЛЕМ и ЕВН велат дека имале зголемени трошоци од работењето изминатата зима. Регулаторната комисија за енергетика потврди дека компаниите имаат нови барања што ќе ги разгледува до крајот на месецов. Тогаш ќе падне одлуката дали и за колку ќе поскапи струјата.

Значи ќе има простор да ги разгледаме на средината на годината, значи до крајот на овој месец. Согласно правилникот за регулирање на цените на било која компанија кои што се регулирани доколку имаат зголемени трошоци за повеќе од 5% имаат право да достават барање кое дополнително се разгледува. Сега за сега нема ништо. Не знаеме дали се во рамките на правилникот – вели претседателот на РКЕ Димитар Петров.

Вонредниот узов на електрична енергија што сега може и вонредно да ја поскапи струјата, ЕЛЕМ го направи бидејќи Владата одлучи да не ја вклучува ТЕЦ Неготино, па кусокот на струја наместо од домашно производство се надомести од увоз. Корекција на струјата инаку се прави еднаш годишно, на крајот на годината. Последното поскапување од 7 проценти беше од први јануари годинава.

httpv://www.youtube.com/watch?v=8oMRNaQz1zw

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 11.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Костадин Делимитов

By | 2012-06-12T03:27:29+00:00 12/06/2012|Економија|