Брендирањето Може да ве Направи Бесмртни

//Брендирањето Може да ве Направи Бесмртни

Брендирањето Може да ве Направи Бесмртни

Колку побрзо компаниите и менаџерите во Македонија ќе сфатат дека без брендирање и инвестирање во имиџот на компанијата, производите и во услугите нема напредок, толку побрзо ќе напредува нашата економија. Брендирањето значи да се има долгорочна визија, стратегија и да се прави додадена вредност

Можат ли македонските компании да бидат успешни на глобалниот и на регионалниот пазар? Дефинитивно. Формулата веќе е измислена.

Треба да се биде храбар, да се сака да се ризикува, да се има долгорочна визија и стратегија, да се инвестира во брендирањето на компанијата, производството и во услугите и да имате квалитетен производ со додадена вредност.

Искуствата на најголемата фармацевтска компанија и еден од најголемите извозници во земјава, Алкалоид и винарската визба Тиквеш, кои беа дел од презентациите на прватата маркетинг-конференција, „Брендирање патот до потрошувачот“, организирана од Капитал Академија, покажуваат дека глобален успех може да има секоја македонска компанија доколку се придржува до оваа формула.

„Следење сродни производи од конкуренцијата и копирање! Ова е најчестата македонска приказна… Тука се случува класична грешка… Компаниите брендираат производ кој нема никаква додадена вредност, па затоа не успеваат! Но, супериорни производи со додадена вредност се возможни, тука само треба подлабоко да се размисли и правилно да се реагира! Тоа го прави Алкалоид…“, вели Милош Радуловиќ, менаџер на ОТЦ дивизија во Алкалоид.

Винарската визба Тиквеш неодамна постигна успех на пазарот во САД кој е одличен за македонски услови. Со ист елан компанијата работи и на развивање стратегија и на регионалните пазари.

„Т’га за југ е бренд број еден во Хрватска! Но, треба уште повеќе да се подигне нивото на перцепција за овој бренд, па затоа, Тиквеш има стратегија ориентирана кон брендови“, вели Радош Вукичевиќ, маркетинг-менаџер на Тиквеш.

Во рамките на конференцијата преку три панели, интересни дискусии и разни предавачи, „Капитал“ се потруди да ја зголеми свесноста во македонската бизнис-заедница за тоа колку силните и посакувани брендови ја зголемуваат продажбата, извозот, корпоративниот имиџ и лојалноста на потрошувачите и на деловните партнери.

Присутните на конференцијата, прва од ваков тип во Македонија, слушнаа како се создаваа дел од најпознатите македонски и интернационални брендови, што е потребно за да се креира успешен бренд и кој може да им помогне во овој процес, како стратешки да размислуваат кога носат одлука дали и кога да лансираат нов бренд и како воопшто размислува менаџментот во бренд-ориентираните компании.

Главен предавач на конференцијата беше интернационалниот креативен директор на Т-Мобиле, Џејсон Ромејко, кој на креативен начин покажа како може еден бренд да прерасне во „љубовна марка“ (lovemark) на потрошувачите.

Брендирањето може да ви помогне да се справите со кризата

Ретко која македонска компанија има сериозен пристап кога е во прашање инвестирањето во брендирање на производите и услугите, кое како што вели Љупчо Зиков, основач на Капитал Медиа Гроуп, може да го олесни справувањето со актуелната криза.

„Кризата е овде, но ги имаме брендовите за да се справиме со неа. Процесот на брендирање е задолжителна акција на секој модерен менаџер. Колку побрзо компаниите и менаџерите ја сфатат важноста на брендовите, толку побрзо ќе напредува македонската економија“, вели Зиков.

Најчесто, проблем се парите, но она што е „најслабата карика“ на македонските компании кога е во прашање брендирањето е немањето план, стратегија и визија.

„Македонските компании, оние без странски капитал, ретко имаат план и визија за своите брендови“, вели Александра Дилевска-Симова, Публицис-Македонија (Publicis Macedonia).

На иста линија се и размислувањата на Сашо Пешев од Њу момент (New Moment).

„Освен проблемот со парите, кај Македонецот проблем е и стратегијата… како и спроведувањето на таа стратегија. Нема градење бренд без долгорочна стратегија, средства и комуникација… Треба да се насочиме кон спроведување на стратегијата, анализа која на долг рок ќе му даде вредност на тој производ, кој потоа ќе ја врати инвестицијата на компанијата!“, вели Пешев.

Потврда дека македонските компании многу малку размислуваат за анализирање на пазарот, за позицијата на нивните производи и услуги во споредба со нивните конкуренти дава и Владимир Димовски од Меккен Ериксон (McCann Erickson).

„Прашањето не е дали македонските компании користат анализи на пазарот. Прашањето е колку од компаниите прават анализи. Јас веќе десет години сум во Меккен Ериксон, а за ова време не се јавиле ниту десет македонски компании кои планираат да прават нешто со својот бренд“, вели Димовски.

Љупчо Зиков
основач на Капитал Медиа Гроуп

„Кризата е овде, но ги имаме брендовите за да се справиме со неа. Процесот на брендирање е задолжителна акција на секој модерен менаџер. Колку побрзо компаниите и менаџерите ќе ја сфатат важноста на брендовите, толку побрзо ќе напредува македонската економија.“

 

Џејсон Ромејко

интернационален креативен директор на Т-Мобиле

„Мотивирајте ги луѓето и забавувајте се со брендот! Соберете ги сите експерти на една маса…. и направете нешто! Комуницирајте со потрошувачите. Забавувајте се! Вие можете да го направите вашиот бренд – LOVEMARK!“

 

Радош Вукичевиќ

маркетинг-менаџер на винарска визба Тиквеш

„Т’га за југ е бренд број еден во Хрватска! Но, треба уште повеќе да се подигне нивото на перцепција за овој бренд, па затоа, Тиквеш има стратегија ориентирана кон брендови.“

 

Милош Радуловиќ

менаџер на ОТЦ дивизија, Алкалоид

„Следење сродни производи од конкуренцијата и копирање! Ова е најчестата македонска приказна… Тука се случува класична грешка… Компаниите брендираат производ кој нема никаква додадена вредност, па затоа не успеваат! Но, супериорни производи со додадена вредност се возможни, тука само треба подлабоко да се размисли и правилно да се реагира! Тоа го прави Алкалоид…“

 

Александра Дилевска-Симова

Publicis Macedonia

„Македонските компании, оние без странски капитал, ретко имаат план и визија за своите брендови. Не е работата потрошувачите да го препознаваат брендот, работата е да го сакаат! Луѓето ги прават брендовите, а за тоа е потребна дисциплина.“

 

Сашо Пешев

New Moment

„Освен проблемот со парите, кај Македонецот проблем е и стратегијата… како и спроведувањето на таа стратегија. Нема градење бренд без долгорочна стратегија, средства и комуникација… Овде постои и „турбофолкерство“ во прогласувањето на брендовите! Но, треба да се насочиме кон спроведување на стратегијата, анализа која на долг рок ќе му даде вредност на тој производ, кој потоа ќе ја врати инвестицијата на компанијата!“

[custom_frame_center]Брендирањето Може да ве Направи Бесмртни[/custom_frame_center]

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 11.06.2012

Автор: Петре Димитров

By | 2012-06-12T03:43:38+00:00 12/06/2012|Економија|