Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, на сите фанови на кошарката кои од денес до 19 јуни ќе испратат СМС порака преку мрежата на ОНЕ на бројот 141 381, ќе присуствуваат на последниот подготвителен тренинг на кошаркарите во салата „Борис Трајковски”.
Така корисниците автоматски стануваат добитници на влезен билет за настанот кој ќе можат да го подигнат во продавниците на ОНЕ во Скопје, а средствата од испратената порака ќе бидат наменети директно за поддршка на кошаркарската репрезентација на Македонија. Цената на СМС пораката изнесува 35 денари.
За сите оние кои ќе дојдат во салата `Борис Трајковски` ОНЕ подготвува дополнителни изненадувања и единствена можност за најсреќните лично да се запознаат и да се дружат со момчињата кои на Македонија и го донесоа најголемиот спортски успех минатата година на европското првенство во Литванија.
“Ние во ОНЕ сме особено горди на соработката со најуспешните македонски спортисти. Се надеваме дека ќе се повтори минатогодишната спортска еуфорија која ги обедини сите, а на кошаркарите им посакуваме успех и квалификација на ЛОИ”, изјави генералниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол.
Дополнително, од денес па во наредните месец дена, ОНЕ ќе издвои дел од заработката од сите активирани пакети, а средствата ќе ги намени за поддршка на македонската кошаркарска репрезентација.
“Неизмерно сме благодарни на поддршката од ОНЕ, компанија која во изминативе години покажа не само дека е извонреден спонзор и комерцијален партнер, туку вистински и искрен пријател на Македонската кошарка. Се надеваме дека и овој пат поддршката ќе ја оправдаме и сите заедно ќе се радуваме на новите успеси на кошаркарската репрезентација”, изјави претседателот на МКФ Даниел Димевски.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 13.06.2012