Што се се Продава на Интернет?

//Што се се Продава на Интернет?

Што се се Продава на Интернет?

Користена облека, накит, чевли и костими за капење се продаваат преку интернет. Кризата им отвори врата на голем број мали бизниси кои во послениот период земаат се поголем замав. Закон за електронска трговија кај нас постои но никој не врши контрола за бизнисите преку интернет кои не ги подмируваат давачките кон државата.

Облека, накит, чевли и алатки за разубавување. Трговијата на користени работи преку интернет се поатрактивна и за Македонците. За време на криза цвета он-лајн продажбата на користени работи низ цела Европа. Намалениот семеен буџет им отвори врата на голем број мали бизниси кои бележат огромен развој.

Граѓаните велат дека на овој начин можат да си купат носена облека а за тоа никој да не дознае.

Тоа секако е побрз начин поедноставно многу полесно за луѓето што го развиваат интернетот низ светот.

Со оглед на новите трендови мислам дека купувањето преку интернет е се позастапено во Македонија.

Не. Бидејкји многу е поедноставен начинот и пофлексибилно. Според мене мислам дека и побрз е начинот кога би отишол и би платил во кеш отколку процесот кој трае со картички, велат граѓаните.

Овој бизнис кај нас е регулиран со законот за електронска трговија. Но никој не врши контрола на сајтовите кои прават заработка без никакви обврски кон државата. Од министерството за информатичко општество велат дека трговијата на нови и користени  работи преку интернет никој не може да ја контролира.

Проблемот во Америка е стар неколку децении и истиот неможел да се реши. Дуќанџиите пак се жалат дека промет прават само кога имаат попуст.

Муштериите многу често се одлучувале да ги носат старите чевли, кои кје бидат освежени со мала поправка или пак да си набават други кои како што се вели по огласите се ,,малку користени,,.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ZfAmVgCL1fk

Превземено: Сител

Датум на објавата: 19.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Борче Пауновски

By | 2012-06-20T05:53:48+00:00 20/06/2012|Информатичка технологија|