Стопанската комора на Македонија побара подршка од државата за големите компании извознички кои се соочуваат со големи пороблеми поради европската должничка криза. Бараат и подеднаков третман на странските и на домашните инвеститори.
Државата мора да им помогне на компаниите извознички за последиците од кризата да бидат поблаги бараат сопствениците. Бизнисот смета дека е потребна поголема подршка за капитални проекти.
Државата мора да помогне тука во инфраструктурата, мора да помогне во делот на енергенсите кои што ги оптеретуваат тие така да сето тоа ќе допринесе да ја пречекаме кризата спремни и да од неа излеземе без поголеми нарушувања посебно во делот на отпуштеањето на работниците и во намалувањето на производството, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на РМ.
Штипските бизнисмени апелираат и тие да имаат ист третман како странските инвеститори кои добиваат различни бенефиции и субвенции од државата.
Ние сме во втора категорија, потреба да се изедначиме и да имаме исти услови и исти третман како странските инвестиции така и домашните инвестиции, изјави Костадин Барзов, менаџер на АД Баргала.
Според бизнис заедницата подршка за извозните компании е од клучно значење бидејќи овој сектор се смета за главен мотор на економскиот развој.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WYrEVZ3liho
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 21.06.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Александра Ристевска