Растат Депозитите, ама и Проблематичните Кредити

/, Економија/Растат Депозитите, ама и Проблематичните Кредити

Растат Депозитите, ама и Проблематичните Кредити

Иако е криза, граѓаните сепак успеваат да одвојат некој денар настрана и да го вложат во банка. За разлика од нив, компаниите имаат се помалку пари, па постојано се намалуваат нивните депозити во банките. Откако во април годинава прв пат по подолг период регистрираа намалување, во мај вкупните депозити во домашните банки повторно отишле нагоре, и тоа за 8 милиони евра.

Или конкретно, во април вкупните депозити се спуштија на ниво од 3,822 милијарди евра, што беше намалување за 26 милиони евра во однос на март. Затоа, пак, во мај депозитите повторно почнуваат да се движат по нагорна линија, „враќајќи” назад 8 милиони евра и стигнувајќи до износот од 3,830 милијарди евра. Сепак, износот на депозити во мај се уште не ја стигна мартовската сума на домашно штедење. Во периодот од крајот на минатата година и првите месеци од годинава, грчката должничка криза влијаеше да се намалат штедните влогови во многу европски банки, бидејќи граѓаните поради паника ги повлекуваа своите пари.

Но, за разлика од тамошните банки, населението овде во целиот тој период им искажуваше голема доверба на нашите банкарски институции, а вкупните депозити растеа, се до април, кога прв пат беше регистриран пад.

Додека должничката криза ја тресе Европа, од Народна банка на Македонија и од Владата досега во повеќе наврати го повторија ставот дека банкарскиот систем во земјава е исклучително стабилен и отпорен на шокови.

Најновите податоци за мај покажуваат дека влоговите на граѓаните повторно имаат одличен раст, и тоа за околу 15 милиони евра. Односно, ако во април тие изнесувале 2,736 милијарди евра, во мај се искачиле на 2,751 милијарда. Всушносг, заштедите на граѓаните никогаш и не се намалија и цело време покажуваа нагорна линија, а таква е и најновата ситуација во мај.

Затоа, пак, депозитите на компаниите се намалуваат, што покажува дека нашето стопансгво е во многу лоша кондиција, поради се посилното разгорување на европската криза.

Како последица на откажаните нарачки и намалениот обем на работа, фирмите се потешко ги враќаат и кредитите кон банките. Па така, во мај има нов пораст на спорните и сомнителните побарувања на банките, што всушност ги претставуваат кредитите за кои клиентите имаат тешкотии со нивното враќање. Конкретно, тие во мај изнесувале 349 милиони евра, што е за околу 3 милиони евра повеќе од нивото во април.

[custom_frame_center]Растат Депозитите, ама и Проблематичните Кредити[/custom_frame_center]

Превземено: Утрински Весник

Датум на објавата: 22.06.2012

Автор: Н.Н.Ф.

By | 2012-06-22T08:45:29+00:00 22/06/2012|Банки, Економија|