Нова Експозитура на УНИБанка во Ѓорче Петров

/, Економија/Нова Експозитура на УНИБанка во Ѓорче Петров

Нова Експозитура на УНИБанка во Ѓорче Петров

УНИБанка ги известува своите клиенти и соработници дека е пуштена во работа 34 –та експозитура и со тоа дополнително ја прошири својата деловна мрежа која е една од поразвиените во македонскиот банкарски сектор.

Новата експозитура е осмата по ред во Скопје, лоцирана е на адреса ул. Ѓорче Петров бр. 50 во населбата Ѓорче Петров и ќе ги извршува сите оперативни банкарски активности потребни за клиентите.

Отварањето на новата експозитура е дел од континуираното унапредување и ширење на деловната мрежа и излегување во пресрет на потребите на клиентите од оваа општина.

Клиентите на УНИБанка во оваа експозитура ќе имаат можност да ги вршат сите услуги од областа на банкарството како за физички, така и за правни лица.

УНИ Банка, Вашиот нов сосед во Ѓорче Пeтров!

[custom_frame_center]Нова експозитура на УНИБанка во Ѓорче Петров[/custom_frame_center]

Извор: www.tocka.com.mk

Датум на објава: 12.07.2012

By | 2012-07-12T13:30:56+00:00 12/07/2012|Банки, Економија|