Ископувањето на Злато од Иловица за Пет Години

//Ископувањето на Злато од Иловица за Пет Години

Ископувањето на Злато од Иловица за Пет Години

Златото од Иловица ќе почне да се копа најдоцна за 5 години. Канаѓаните потпишаа договор со кој се обврзуваат да инвестираат 500 милиони долари и да вработат 500 работници. Покрај рудникот ќе градат и фабрика во која ќе се преработува концентратот од бакар и злато.

За пет години Еуромакс Рисорсис, канадската фирма која ќе ја експлоатира рудата кај Иловица треба да изгради фабрика за преработка на концентратот од бакар и злато.

Претставници од Еуромакс го потпишаа договорот за концесија, планираат да инвестираат 500 милиони долари, да вработат околу петстотини луѓе.

Треба да се осигура дека овој рудник е изгрден врз оснвоа на највисоките еколошки стандарди и врз осниова на стандардите на светската сцена. Првото злато и бакар ќе се произведуваат тие ќе бидат концентрат и ќе бидат транспортирани преку железница нај веројатно на средината на 2017та. Постои 2 годишен период за изградба така што мислам дека ќе почнеме со изградбата за 3 години и за 2 години ќе почне самото производство. Што се однесува до работните места очекуваме околу 300 вработени во текот на фазата на изградба а штом целосно ќе почне да работи околу 500.

Канаѓаните потврдија дека рудникот Иловица ќе биде еден од најголемите за бакар и злато во Југоисточна Европа. Целиот концентрат ќе се извезува најверојатно во Германија, а производната линија со најсовремена опрема ќе работи во следните 20 години. За Македонија оваа инвестиција значи прилив на капитал и нови работни меса.

Овој рудник за злато и бакар ќе биде дефинитивно најголемиот рудник во Југоисточна Европа. Освен тоа во индиректна смисла оваа инвестиција ќе значи имплементирање на нова технологија и подигнување на нови повискоки стандарди во овој сектор и развој на нови млади кадри кои во изминатиот период поради стагнацијата на рударскиот сектор станаа дефицитарни.

Според истражувањата Иловица крие околу 130 тони злато и околу околу 700 илјади тони бакар. Освен на Иловица, Еуромакс вршат истражувања и во западниот и во јужниот дел на земјава.

Превземено: Канал5

Датум на објавата: 24.07.2012

Термин: 18.00 часот

Автор: Кире Коцевски

By | 2012-07-25T04:09:01+00:00 25/07/2012|Економија|