Со 500 вработени преку субвенционирање за вработувања Прилеп е меѓу водечките градови во искористувањето на поволностите на владиниот проект за намалување на невработеноста.
Прилеп и подрачната служба на агенцијата за вработување се меѓу водечките кога е во прашање искористувањето на поволностите на владиниот проект за намалување на невработеноста преку субвенционирање за вработувањето. Во изминатите 6 години се вработиле околу 500 лица а на двата годинешни јавни повици аплицираа 210 фирми. До ново работно место дошле 56 лица во исто толку мали и средни претпријатија.
Анализите покажуваат дека најголем број од субвенционираните лица се задржани на работа, и тоа е нашата цел значи не само фирмите да искористат да ја искористат субвенцијата и после да ги одјават туку да ги задржат на работа, вели раководителката на подрачната агенција Силвана Пашовска додавајки дека се работи главно за градежни, пекарски, графички, трговски и други вид на фирми.
Согласно условите на проектот на нововработениот му се уплаќа бруто плата од 13 илјади денари за период од 6 месеци со обврска за истата плата работодавачот да го задржи на работа најмалку уште една година. Работодавачите го поздравуваат проектот некои и по втор пат користат ваков вид на бенефиции.
Не ми е првпат, искористив субвенции за вработување, добредојдени се тие субвенции, тие средтва, за попродуктивно, подобро работење на фирмата.
Мислам дека е голема предност на нас како работодавачи и за вработувањата.
Инаку според последните податоци моментално во Прилеп статистички невработени се 17793 лица што е за околу 4100 помалку од лани што сепак не ја дава реалната слика на невработени туку станува збор за бришење од евиденција на оние кои нередовно се пријавуваат или се пријавуваат само за користење на сини картони. Еден дел се водат како вработени на определено време или со договори кои се продолжуваат.
Превземено: Канал77
Датум на објавата: 24.07.2012
Термин: 14.00 часот
Автор: Петар Димовски