Евтини Повици кон Странство со Нов Припејд Број на Т-Мobile

//Евтини Повици кон Странство со Нов Припејд Број на Т-Мobile

Евтини Повици кон Странство со Нов Припејд Број на Т-Мobile

Информатичкото општество овозможи развој на голем број на напредни алатки и канали за комуникација. Во последните години, Ѕкуре се покажа како исклучителен одличен канал кој што ги поврзува луѓето без оглед каде и да се наоѓаат на земјината топка, а основен предуслов за оваа апликација е пристапот до интернет. Сепак, мобилниот телефон без оглед дали станува збор за современите тн. Смарт, Android или некој друг едноставен уред, е најдоброто решение за комуникација со роднините или пријателите, во кое било време.

Со цел да ја направи комуникацијата со најблиските кои што живеат во странство поедноставна и евтина, Т-Мобиле подготви посебна промотивна понуда. Со најновата понуда, корисниците можат да разговараат со најблиските во странство по цени намалени дури до 80 отсто. Цената на разговор чини 15 денари за минута. Во рамките на понудата, корисниците можат да разговараат евтино со роднините или пријателите од Австрија, Австралија, Германија, Италија, Канада, САД, Турција, Холандија и Швајцарија.

СИМ картичката која што овоможува евтина комуникација со странство чини 295 денари, во која и е вклучен сообраќај за 295 денари. Попустот за меѓународни повици е достапен автоматски, со самото активирање на SIМ картичката. Освен за разговори со странство, корисниците можат да вртат и кон броеви во Македонија по супер цена со ЕаѕуТор тарифата. По искористувањето на сумата за разговори вклучена во СИМ картичката, припејд сметката може лесно и брзо да се дополни на сите места каде што го има логото на еуоиспег: трафики, маркети, локални продавници, бензиски станици и Макпетрол продавници.

Новата понуда на Т-Мobile за разговори со екстра ниска цена со странство трае до 30 септември.

[custom_frame_center]Евтини Повици кон Странство со Нов Припејд Број на Т-Мobile[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 27.07.2012

By | 2012-07-27T10:35:50+00:00 27/07/2012|Телекомуникации|