„Микросам“ со нов модерен објект за Институтот за композити и роботика

//„Микросам“ со нов модерен објект за Институтот за композити и роботика

„Микросам“ со нов модерен објект за Институтот за композити и роботика

Прилепската фирма „Миркосам“ изгради нов модерен објект за Институтот за композити и роботика

Во објектот, кој има површина од 1.500 квадратни метри, ќе бидат сместени предавалници и модерна лабораторија со високософистицирана опрема за композити. Институтот на „Микросам“ функционира од 2009 година, како дел од истражувачката дејност на фирмата. Според најавите, објектот треба да биде пуштен во употреба на први август, а ќе присуствува и претседателот Ѓорге Иванов.

– Развојот на нови технологии за производство на современи композитни материјали преку воведување иновации во моделирањето, симулација и контрола на индустриските роботи е основна мисија на Институтот, кој е единствениот што на едно место ги има петте клучни технологии за развој на современи композити за индустријата на авиони, за вселенската индустрија, како и за индустријата на гас и нафта, за да се обезбеди нов и поекономичен транспорт и складирање на енергијата – велат од фирмата.

На Институтот ќе можат да се изучуваат магистерски, а во иднина и докторски студии, наменети за студенти што ги завршиле своите додипломски студии на факултетите од инженерска струка или природно-математички науки, како од Република Македонија така и од странство.

[custom_frame_center]„Микросам“ со нов модерен објект за Институтот за композити и роботика[/custom_frame_center]

Извор: www.novamakedonija.com.mk

Датум наобјава: 27.07.2012

By | 2012-07-27T14:02:33+00:00 27/07/2012|Економија|