Лани четирите компании што нудат договори за животно осигурување од продажба на премии собрале осум милиони евра, што е за два и пол милиони евра, или за 40 проценти повеќе во однос на претходната година. За штети, пак, исплатиле само 1,3 милион евра.
Кај бројот на договори се забележува пораст од 32,53 проценти во споредба со претходната година. Овој резултат, пред се, се должи на појавата на двете нови друштва на пазарот на осигурување на живот, како и на зголемената деловна активност на постојните друштва објаснуваат од Агенцијата.
Освен осигурителните компании, на македонскиот пазар функционираат и 17 осигурително брокерски компании, кои, исто така, бележат пораст на продадените полиси за животно осогурување.
Инаку, вкупно, лани за осигурување граѓаните и фирмите потрошиле 110 милиони евра, што е за пет милиони повеќе во однос на претходната година. Вкупно, пак, за штети по сите основи биле исплатени 49 милиони евра.
53 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АВТО – ОСИГУРУВАЊЕ
53 милиони евра, се уплати за осигурување од автомобилска одговорност, која е задолжителна при регистрацијата на возилата. Од тие пари, за исплати на штети од сообраќајни незгоди осигурителните компании потрошиле 24 милиони евра, или само нешто над 40 проценти од уплатата.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Фокус Дневен
Датум на објавата: 31.07.2012
Автор: Гоце Михајлоски