АЕК: Внимавајте со Користење на Роаминг!

//АЕК: Внимавајте со Користење на Роаминг!

АЕК: Внимавајте со Користење на Роаминг!

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Агенцијата за електронски комуникации апелира до сите граѓани на Р. Македонија, кои за време на летниот период патуваат во странство, внимателно да ја користат услугата – роаминг.

Корисниците на т.н. паметни телефони особено треба да внимаваат на дата-роаминг (користење на интернет во странство), од причина што цените за оваа услуга се екстремно високи.

Од АЕК препорачуваат:

-Задолжително информирајте се кај вашиот оператор (преку веб-страница, контакт-центар или лично во салон) за Интернет-пакетите што ги нудат, за цените на услугите на нивните роаминг-партнери, за начинот на тарифирање итн.

-Информирајте се кај вашата туристичка агенција за дестинацијата на која планирате да патувате, каква е покриеноста со wi-fi, каков е квалитетот на услугата, дали услугата е бесплатна или се плаќа.

-Откако ќе се информирате, вие решавате за начинот за користење на вашиот мобилен телефон. Размислете дали треба само да примате и да одговарате на повици; дали ви треба во реално време да користите мапи или GPS; дали ви треба Интернет-пристап веднаш, или може да почекате додека да најдете бесплатен wi-fi пристап.

Сите информации за меѓународен роаминг, цените на операторите во земјата која патувате и избор на најефтин оператор во земјата во која патувате може да ги најдете на веб страната на АЕК, наменета за крајни корисници.

[custom_frame_center]АЕК: Внимавајте со Користење на Роаминг![/custom_frame_center]

Превземено: www.kirilica.com.mk

Датум на објавата: 30.07.2012

By | 2012-07-31T09:45:20+00:00 31/07/2012|Телекомуникации|