Пораст на Компјутерскиот Криминал во Земјава

//Пораст на Компјутерскиот Криминал во Земјава

Пораст на Компјутерскиот Криминал во Земјава

Пораст на компјутерскиот криминал во земјава. Небезбеден овој вид на информации поради слабата заштита. Затоа во министерството за информатичко општество формирано Национално тело за заштита.

Скајп, меил, фејсбук, интернет шопинг, стотици лични податоци секојдневно се продаваат и се купуваат во тајните виртуелни одаи, а злоупотребите скоро никој освен хакерите не може да ги контролира. Компјутерските инциденти ги олеснуваат и сметките на граѓаните, загрозуваат одредени класифицирани информации и националната безбедност на државата:

Најголеми компјутерски ризици се социјалните мрежи и она што можеме да видиме е податоци кои што истекуваат од самата внатрешност. Тоа не мора да значи дека стално е намерно, некогаш може да биде ненамерно но вработени по институциите споделуваат  круцијални информации дали било тоа во државни институции или до приватен сектор со кој што им се овозможува на хакерите да навлезат во систмот во кој што тие работат, вели Иво Ивановски.

Тим од ИТ експерти ќе мониторира, идентификува, предупредува и ќе ја утврдува одговорноста.

Во соработка со меѓународната Унија на телекомуникации, Националното тело за справување со компјутерски инциденти ќе има обврска да ги следи состојбите, да ја подига јавната свест, да обезбеди едукативни мерки за одредени корисници, да координира во решавање на поголеми компјутерски инциденти и да дистрибуира безбеносни пораки:

Воспоставувањето на Националното тело за справување со компјутерски инциденти истовремено ќе значи и поддршак за градење на национална култура за информациска безбендост и поддршка на иницијативи за подигање на свеста помеѓу корисниците и граѓаните, додаде Иво Ивановски.

Неовластено навлегување во компјутерскиот систем, компјутерска измама, фалсификат, употреба на лажни картички од 50 до 10.000 евра чини еднократниот промет на црниот компјутерски пазар меѓу криималците на две различни точки на земјината топка.

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 08.08.2012

Термин: 19.30 часот

Автор: Сузана Фиданска

By | 2012-08-09T09:45:02+00:00 09/08/2012|Информатичка технологија|