Фудбалските Шампиони Ексклузивно на web.maxtv.mk

//Фудбалските Шампиони Ексклузивно на web.maxtv.mk

Фудбалските Шампиони Ексклузивно на web.maxtv.mk

Европската лига на шампиони е најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на „Стариот континент“ во кое секоја година учествуваат најдобрите клубови од Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција.

Моменталниот шампион Челзи, Реал Мадрид, Барселона, по мала пауза и Јувентус ќе бидат само мал дел од клубовите кои ќе земат учество во фазата по групи во претстојната сезона.

Но, до формирањето на групната фаза од Лигата на шампиони сезона 2012-2013 преостанува да се финализира и последното квалификациско коло. МaxTV од вчера (21 август) започна со ексклузивни преноси на натпреварите од Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоните 2012/2013-та, 2013/2014-та и 2014/2015-та. По вчерашните возбудливи натпревари, спортската среда ќе биде исполнета со уште 4 натпревари:

(Arena Sport 2) БАТЕ Борисов- Кирјат Шмона  20:45 часот
(Arena Sport 3) Малага – Панатинаикос  20:45 часот
(Arena Sport 4) АЕЛ – Андерлехт  20:45 часот
(Arena Sport 2) Динамо – Марибор 22:45 часот

Фудбалските натпревари на МaxTV, покрај во стандардната може да се следат и во HD резолуција.

Натпреварите, екслузивно на интернет може да се следат и преку http://web.maxtv.mk/fudbal. Сите корисници на Македонски Телеком, може да регистрираат свој Мој Телеком профил, потоа бесплатно да се пријават за следење на натпреварите на https://moj.telekom.mk.

Доволно е само да сте било каков корисник на Македонски Телеком и да поминете неколку чекори на регистрација.

  1. Логирајте се на https://moj.telekom.mk
    Доколку до сега сте се логирале со MaxADSL корисничкото име или телефонски број, логирајте се повторно и поминете го процесот за регистрација на ново Мој Телеком корисничко име. Следете ги едноставните чекори.
    Откако ќе ја потврдите активацијата на новото корисничко име, за што ќе добиете СМС или email порака, во зависност од избраниот начин, логирајте се на Мој Телеком и одете во делот web.MaxTV пакети (десно во горното хоризонтално мени)
  2. Резервирајте “билет” за натпреварите од тековниот ден
  3. Истото Мој Телеком корисничко име, искористете го да се логирате на http://web.maxtv.mk/fudbal, каде на 4 различни канали ќе може да ги следите истовремено натпреварите.

Можете да користите и Упатството за регистрирање и најавување.

Побрзајте! Бројот на пријавите е ограничен.

[custom_frame_center]Фудбалските Шампиони Ексклузивно на web.maxtv.mk[/custom_frame_center]

Превземено: www.idividi.com.mk

Датум на објавата: 22.08.2012

By | 2012-08-23T05:12:11+00:00 23/08/2012|Телекомуникации|