И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка

//И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка

И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Оваа банка во првата половина од годината вложила 94,9 милиони евра во благајнички записи, инструмент со кој Народната банка ја штити вредноста на денарот. Истовремено Стопанска банка дала 52 милиони евра помалку кредити во споредба со лани.

Македонските граѓани и компаниите депонирале по 84.707 евра просечно дневно во Стопанска банка Скопје во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци од билансот на состојбата што го објави таа банка. Граѓаните и фирмите во првите шест месеци ги зголемиле нивните депозити (по видување и орочени) за 15,25 милиони евра. Податоците покажуваат дека вкупните депозити на граѓани и фирми во најголемата македонска банка на крајот од јуни изнесуваат 5,757 милијарди денари (над 934,6 милиони евра). Тоа е за 1,16 отсто односно 94,9 милиони евра повеќе во споредба со влоговите на македонските клиенти за првата половина од годината, лани.

На страната на кредитните пласмани забележливо е значајно менување на деловната политика. Оваа банка покажува тенденција да го намалува кредитирањето на стопанството и на населението за сметка на вложување во благајнички записи кои ги издава централната банка со кои пред се се штити девизниот курс на денарот. Кредитите за коминтенти за првата половина од годинава изнесувале 44,48 милијарди денари (над 722 милиони евра) и се помали за дури 52 милиони евра во споредба со истиот период лани.

Наспроти намалената кредитна активност на банката, расте нејзиното вложување во благајнички записи – инструменти кои ги издава централната банка и кои служат за одржување на макроекономските услови. За првите шест месеци годинава Стопанска банка купила записи во вредност од 94,9 милиони евра и сега поседува записи вредни 157 милиони евра. Во споредба со лани тој износ сега е зголемен за 252 отсто и лани изнесувал нето над 62 милиони евра.

Во првите шест месеци годинава Стопанска банка Скопје од своето работење остварила добивка пред оданочување од 3,16 милиони евра. Тоа значи дека во првото полугодие оваа банка имала дневна заработка поголема од 17.550 евра. Банката за овој период остварила нето приходи од камати во износ од 458,5 милиони денари што е за повеќе од 36 милиони денари повеќе во споредба со истиот период лани. Истовремено, пред се заради намалување на каматните стапки на депозити, ги намалила расходите за камати за повеќе од 1 милион евра.

[custom_frame_center]И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка[/custom_frame_center]

Превземено: www.mkd.mk

Датум на објавата: 27.08.2012

Автор: мкд.мк

By | 2012-08-29T05:42:28+00:00 29/08/2012|Банки|