Од 1 Септември Поскапува Лебот

//Од 1 Септември Поскапува Лебот

Од 1 Септември Поскапува Лебот

Од 1 септември и официјално ќе поскапи лебот иако веќе десетина денови во неколку градови се продава за 5% поскапо. Владата размислува но не нуди мерки за ублажување на ударот од поскапувањата предизвикани од високите цени на нафтените деривати и останатите енергенси.

Се крои нова повисока цена на лебот, што ќе значи уште едно ценовно изненадување за граѓаните, по веќе поскапените зејтин, јајца и брашно. Трговците откриваат дека поради скапата струјата и високите цени на горивата дел од домашните производители најавиле зголемување на цената на лебот од први септември. Дел од производите веќе се продаваат за цени повисоки од 5 до 7 %.

– За лебот има најави од Жито Лукс и приватните. Штом покачи брашното таму по автоматизам и лебот. Значи последните две недели пред последното покачување на горивата за еден традиционално како и секоја година во време на приготвување на зимници порасна некаде со 10-15 %, потоа повлече покачува на брашното некаде се зголеми за 10% и имаме најави за сите производи каде основни состојки се зејтинот и брашното, вели менаџерот во Тедико Супер маркети, Никола Начовски.

Во прехранбената индустрија предупредуваат дека иако продажбата не им оди лошо, забележуваат пад на профитот, па според нив секоја мерка од Владата за поддршка на стопанството би била добредојдена.

– Ние во Мак-Прогрес извршивме една минимална корекција во последниве две недели на домашен пазар за 3-4 % и правиме калкулации за извозните цени кои неминовно ќе биде до крајот на годината да бидат поскапени. Ние правиме наша Програма за внатрешни штедења сега, што подразбира зголемување на ефикасност во производство, намалување на потрошувачка на енергија, користење на штедливи и осветлувања, преминување од кон на гас, вели извршниот директор на Мак-Прогрес, Глигор Цветанов.

Владата засега не излегува со конкретни нови мерки за амортизирање на ударот од поскапувањата. Според министерот за економија, Сарачини, владата веќе неколкупати донела сет мерки.

– Владата донесе до сега повеќе антикризни мерки, директно и за стопанството и за граѓаните на РМ, но има работи на кои ние како Влада не можеме да влијаеме, тоа се рефлектира и од тешката економска криза и во Европа и во светот. Тоа што го кажавме како став на Влада останува, не би имал повеќе што друго да додадам, вели министерот за економија, Ваљон Сарачини.

За разлика од кај нас, во Србија каде храната исто така поскапува тамошната влада донесе одлука за враќање на дневната ефтина тарифа за струјата за да го одржи стабилен стандардот на граѓаните. Во пакетот 40 ина мерки е и ослободувањето од плаќање радиодифузна такса. Властите во Франција пак ги намалија акцизите за нафтените деривати.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 29.08.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марија Мининчиќ

By | 2012-08-30T03:47:51+00:00 30/08/2012|Економија|